21 ГОДИШНИК ОД ПРИЛЕПСКО СЕЛО ПРИВЕДЕН И ОДРЕДЕНА МЕРКА 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ПОРАДИ СИЛУВАЊЕ НА МАЛОЛЕТНИЧКА

0
481

Одреден е притвор за маж од Прилепско поради извршена обљуба врз малолетничка.

Имено, во текот на вчерашниот ден полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Ш.(21) од прилепско село. Тој се сомничи дека на влезот од селото во кое живее извршил обљуба врз малолетничка. Тој, како што велат од ОВР Прилеп, бил приведен во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а од судија му е одредна мерка притвор во траење од 30 дена.