ЕСКОБАР : СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ВЕДНАШ ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ

0
242

Северна Македонија треба да биде полноправен кандидат и веднаш да стане членка на Европската Унија. Северна Македонија е многу цврст партнер, билатерално и во мултилатералнои сојузи како НАТО и ОБСЕ, изјави специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар кој се наоѓа во посета на Приштина.
Ова на својата официјална Фејсбук страница го објави американската Амбасада во Скопје.

Ескобар вчера порача дека Северна Македонија е многу солиден партнер на САД, како билатерално, така и мултилатерално во НАТО и ОБСЕ и Вашингтон очекува и по изборите земјата да добие влада посветена на членството во Алијансата и на интегрирањето во ЕУ.

– Претходната Влада беше посветена на членство во НАТО и на пристапувањето во ЕУ и нашите очекувања се владата што ќе дојде по изборите да биде слично посветена на членството во НАТО, пристапувањето во ЕУ и на борбата против корупцијата, изјави Ескобар на брифинг во Брисел пред неговата посета на Приштина, Виена и Подгорица.
Тој изрази надеж дека по изборите ќе се создаде можност да допатува во земјата, бидејќи како што нагласи за време на сегашниот престој во регионот ќе биде посветен на актуелните прашања како оние поврзани со Косово и случувањата во Црна Гора.