ГРКОВСКА И ТРЕНЧЕВСКА НА СРЕДБА СО СОЈУЗОТ НА БОРЦИ НА НОАВМ : ЗНАЧАЈНО Е МЕСТО НА БОРЦИТЕ ВО ОПШТЕСТВЕНИОТ ЖИВОТ, ГИ ОДРЖУВААТ СЕЌАВАЊАТА НА ИСТОРИСКИТЕ ПРИДОБИВКИ

0
421

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за креирање на политики за добро владеење Славица Грковска денеска имаше средба со делегација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945, предводена од претседателот на Главниот одбор на сојузот, Никола Стојановски и потпретседателката Елена Јовановска Грујовска.

На средбата вицепремиерката Грковска, која беше придружувана од министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, му честиташе на претседателот Стојановски за неговиот реизбор и нагласи дека Владата на Република Северна Македонија дава целосна поддршка на организацијата, која има големо значење и која ги одржува сеќавањата на историските придобивки низ кои се роди државноста на нашата земја.

Делегацијата од Сојузот на борци од НОАВМ информираа за активностите во нивната работа. Образложувајќи ја моменталната состојба во организацијата, ги презентираа предизвиците со кои се соочуваат во нивното основно функционирање.