ОТВОРЕН БАЛКАН ЌЕ ПРИВЛЕЧЕ 80% ОД СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН, ВУЧИЌ: ЗАЕДНИЧКИ ЌЕ ГИ РАЗВИВАМЕ НАШИТЕ НАЦИОНАЛНИ ЕКОНОМИИ МНОГУ ПОДОБРО ОТКОЛКУ ИЗОЛИРАНИ

0
680
“Иницијативата Отворен Балкан ќе им овозможи на трите земји кои во неа
учествуваат, да привлечат над 80% од странските инвестиции на Западен Балкан” – оптимистички најави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Во изминатите 3 години, Србија привлече околу 60% од странските инвестиции во регионот и отсега заеднички трите земји ќе бидат уште попривлечни за странските инвеститори.
Отвореноста на иницијативата е во тоа што можат лесно да се приклучат и другите земји од Западен Балкан.
“Ветеран сум во политиката но поим немам зошто не се приклучуваат другите земји” – изјави Вучиќ. Иако отворањето на границите не е работа за еден ден, сепак ќе се работи на целата постапка и неопходните процедури со цел до 2023 година да стане реалност.