По денешната средба на советот за национална безбедност на која присутни ќе бидат раководителите на армијата, МВР, ДБК, агенција за разузнавање, биро за јавна безбедност плус Венко Филипче и шефот на Инфективна на која ќе се разговара за Корона Вирусот, Мактел дознава дека за утре во 12 часот, претседателот Пендаровски свикал лидерска средба на лидерите на парламентарните партии кои самостојно освоиле пратеници, значи лидерите на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, Алијанса и ДПА, за да разговараат на тема нов датум за предвремени парламентарни избори откако и лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ денеска побараа одложување на изборите.