ПЕНДАРОВСКИ ВО ТЕКОТ НА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ЈА ИНФОРМИРА ЈАВНОСТА ОКОЛУ СВОЈАТА КАНДИДАТУРА ЗА ВТОР МАНДАТ

0
197

Оттаму велат дека претседателот Пендаровски на оваа тема ќе ја информира јавноста во текот на следната недела.

Вчера од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) соопштија дека раководството на партијата одлучило Стево Пендаровски да биде поддржан за кандидат за претседател на државата. Извор од партијата вчера за медиумите рече дека оваа одлука деновиве ќе се најде и пред членовите на Извршниот и на Централниот одбор.Веќе е планирано наредните денови да се одржат средби со коалициските партнери, а на 3 март ќе се случи и официјалната промотивна конвенција.

„Пендаровски е победнички кандидат, со најголем коалиционен капацитет, кој заедно со СДСМ и со партиите од прогресивниот, демократски блок, силно ја споделува визијата за европска иднина на државата. Тој во досегашниот мандат го врати интегритерот и кредибилитетот на институцијата претседател и покажа што значи да се биде претседател за сите граѓани“велат од СДСМ.

Пред десетина дена лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на новинарско прашање колку можни кандидати се предложени од партијата за претстојните претседателски избори рече дека меѓу нив се актуелниот претседател Стево Пендаровски, поранешни претседатели на државата, поранешни претседатели на СДСМ, поранешни секретари на СДСМ, но и врвни поранешни судии.

Васко Тодоров, познат како Тошо Малерот од триото на легендарното хумористично телевизиско шоу „К-15“, денеска со кратко видео на фејсбук-страницата „Претседател за сите нас – Стево“ даде поддршка за кандидатурата на актуелниот претседател Стево Пендаровски за втор мандат.И архитектот, политиколог и граѓански активист Тони Поповски вчера преку видеообраќање на својот фејсбук-профил изрази поддршка за кандидатура на Стево Пендаровски за втор мандат како претседател на Република Северна Македонија.