КОВАЧЕВСКИ ИМ СЕ ЗАКАНИ ДА МИНИСТРИТЕ И ДИРЕКТОРИТЕ : КОЈ НЕМА ДА ГО СЛУША НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЌЕ ЛЕТА ОД ФУНКЦИЈА, ЌЕ ИМ НАРЕДАМ НА ВЛАДИНА СЕДНИЦА ДА ГИ СПРОВЕДАТ НЕГОВИТЕ ПРЕПОРАКИ

0
581

Запрашан од новинарите дали има намера да го покани на средба народниот правобранител Насер Зибери кој се пожали вчера на интервју на Тв 24 дека никој од институциите не го ферма два посто и дека пратил 32 препораки и барања до институции и никој не му одговорил, премиерот одговори:

  • Ќе го поканам правобранителот во влада и неговиот извештај ќе го читаме на седница на влада и на сите министри и директори на институции ќе им се наложи да ги спроведат неговите забелешки препораки и барања, кој нема да го направи тоа ќе ја доживее судбината на директорите на клиниките од пред некој ден, јас имам лесна рака за барање оставки, нема никого да штедам или да прогледувам низ прсти!