Многу сонце ни носи и утрешниот ден (сабота)

0
1107

Под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса утре (28.01.2017) времето во Македонија ќе се задржи претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец.

Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за слаба магла.

Температурата ќе се движи во интервал од 0 до 6 степени што значи дека утре (сабота) максималните температури ќе бидат во благ пораст.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!