Пред Владата ечеше „Заедно сме најсилни“, колоната студенти се споија со илјадниците средношколци. Студентите и симболично им го предадоа факелот за победа на помладите за поддршка во нивните барања да се укинат лошите реформи во средното образование, пренесе А1он.
Пред да тргнат кон МОН, средношколците и студентите легнаа и на земјата во знак на поддршка на убиените студенти од Кенија.
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=LXONgyP-hrE[/youtube]
Средношколците заедно со студентите продолжија кон МОН за да уште еднаш побараат прием прием од министерот Адеми.
„Стоп за лошите реформи“, „Експерименти се прават во лабораторија а не врз ученици“,„Преку матурава“, пишува на некои од транспарентите со кои средношколците ги пренесуваат пораките до надлежните.
Видео A1он