(ВИДЕО) ВО ОСАКА ЈАПОНИЈА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ПРВИОТ SUPER NINTENDO СВЕТ

0
1072

И покрај пандемијата, која го забави целиот свет, работата на новата Super Nintendo Land зона, која се гради на локацијата на забавниот парк Universal Studios Japan во Осака, се одвива побрзо од планираното, па новата актракција ќе биде отворена на 4 февруари идната година, иако отворањето беше планирано за напролет.

Во таа зона посветена на фановите на игрите на Nintendo веќе се отворени едно тематско кафуле и продавница за сувенири, а за отворањето ќебиде пуштен во употреба единствената луда железница Super Mario Kart, која ќе биде интерактивна, па ќе има дури и натпреварувачки карактер, како што може да се види од видеото подолу.

За разлика од другите луди железници во светот, таа на Nintendo ќе има две ленти, а во секое возило за четворица патници ќе има очила за засилена реалност и управувачка контрола, што значи дека патниците во текот на возењето ќе може да играат игри во кои ќе собираат разни бонуси, што ќе им помогне на крајот на возењето нивниот „воз“ да биде побрз од противничкиот.

Поради корона вирусот ќе бидат воведени и бројни епидемиолошки мерки, како држење растојание и носење маски, а тематскиот парк поради пандемијата ќе работи со 50% помал капацитет. За разлика од другите делови од светот, Јапонија досега нема воведено драстични мерки против пандемијата како карантин, туку користеа апликации за следење контакти, а на сите граѓани носењето маски во сите простори стана дел од општата култура.