Заев на Фејсбук: Уште осум милиони евра за поддршка во справувањето со последиците од корона-кризата

0
773

Го дополнивме Пакетот 4 за поддршка во справувањето со последиците од ковид-19 кризата. На денешната редовна 28 седница на Владата донесовме одлука дополнителниот сет мерки да изнесува 488.803.928 милиони денари, односно околу осум милиони евра, соопшти попладнево на својот фејсбук-продил премиерот Зоран Заев.

Со овој најнов ковид пакет, како што информира тој, се опфатени естрадните уметници (околу 731), со финансиска помош во износ на две бруто минимални плати (21.776 денари); 40 здруженија од Асоцијацијата на танцови здруженија со грантови од по две илјади евра за секое здружение; приватните установи за деца – детски градинки со субвенции од 1.500 денари по згрижено дете, за период од шест месеци, за вкупно 1.216 деца во 17 градинки, со што тие добиваат ист третман како јавните детски градинки во државата; финансиска помош за 12 дизајнерски ателјеа за организирање свадби кои се забранети во овој период со еднократен износ од 90.000 денари.

Опфатени се и грантови за едукативни центри за деца исто како и за игротеките, (по број на вработени, со по две бруто плати до 21.776 денари); грантови за центри за странски јазици исто како и за игротеките со по две бруто минимални плати од 21.776 денари; финансиска помош за ноќни клубови врз основа на прикажан вкупен бруто промет од 2019 година за вкупно 24 субјекти и во вкупна висина на средствата од 7.380.000 милиони денари; субвенционирање на плати на вработени во 48 младински организации и организации за млади од 21.776 денари месечно, за два месеца и за хонорарно ангажираните лица во овие организации.

Премирот додава дека е опфатена и финансиска помош на МЖ Транспорт во висина од 110 милиони денари и за ЈП Државни патишта во висина од 180 милиони денари; финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за два месеци за ефективни работни часови за 58 лиценцирани превозници со лиценци за 376 автобуски линии; финансиска помош за исплата на плати за ГТЦ АД Скопје во наредните два месеци за полесно пребродување на корона-кризата за 260 вработени, од кои 219 се во редовен работен однос, и 41 со договор за привремено вработување во вкупна висина од 8.926.545,00 милиони денари; финансиска поддршка од околу 36 милиони денари за исплата на две плати на 598 вработени во АД Водостопанство.

Во овој пакет мерки предвидена е скалеста исплата на финансиска помош на: самостојни уметници, филмски работници и уметници стручни соработници, од 14.500, 18.000 или 21.500 денари во зависност од примањата за период од три месеци, за вкупно 462 корисници за што се предвидени вкупно 24.948.000 милиони денари за чија исплата ќе биде објавен повик од Министерството за култура; финансиска помош за вкупно 53 фирми кои вршат превоз во Скопје и во кои се вработени 100 лица претставени преку МАКЕКСПРЕС ПРЕВОЗ ДОО Скопје за исплата на еднократна финансиска помош од 14.500 денари по вработен, за два месеца, во вкупен износ од 2.900.000 милиони денари; како и финансиска помош за вкупно 83 фирми во кои се вработени 181 лица претставени преку ДППУ Слобода превоз Скопје, за исплата на еднократна финансиска помош од 14.500 денари по вработен, за два месеца во вкупен 5.249.000 милиони денари.

Фејсбук статус на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.