СЛАВЕСКИ ДО АРСОВСКА : СОВЕТОТ МОЖЕ ДА ОДЛУЧИ ДА ДОНИРА ЗА ЛЕО ОД БУЏЕТ, НО НЕ И ОД ВАШАТА ПЛАТА

0
393

Фото: Б. Грданоски

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска до Советот на Град Скопје испрати иницијатива за итна седница со единствена точка на дневен ред – да му помогнеме на младиот Леонид Индов.

Вечерва стига одговор од претседателот на Советот, Трајко Славески, кој ја поздрави иницијативата, но и ја поуши градоначалничката „дека Совет на град Скопје не може да донесе одлука со која би ве задолжил Вас како градоначалник или советниците за донирање средства за споменатата намена“.

„Совет на град Скопје може единствено да расправа и да донесе одлука за донирање средства од Буџет на град Скопје, утврдени за соодветната намена.  Доколку биде доставена таква предлог-Одлука со која од Буџет на град Скопје би се донирале средства за помош при рехабилитацијата на Леонид Индов, како Претседател на Совет на град Скопје ќе закажам вонредна седница во рокот утврден со Закон и Статут“, потенцира Славески.

Тој се надева дека и другите градончалници и членови на совети општините ќе го следат нејзиниот пример.

Извор : Независен.МК