ГО “САКА АЛБАНСКАТА РАЈА” БЕ – 300 луѓе го обезбедувале војводата Али во Чаир: Ахмети се плаши од промаја, или од кумановскиот огранок?

0
1775

Партиски извори од ДУИ за „Лајм“, обелодениле дека најмалку 300 луѓе биле ангажирани завчера во Чаир, за да го обезбедат врвот на ДУИ, од „евентуалниот револт на Албанците, кој може да избувне во секој момент“, пренесува порталот.

„Претседателот на ДУИ и неговите блиски соработници , по се изгледа ќе бидат најпроблематичните политичари на овие избори, поради обвинувањата што се направени на нивна адреса, дека ја издале кумановската група, и дека ги излажале семејствата на осудените лица во случајот „Монструм“. И самата ДУИ изгледа дека е свесна за „добрите дела“ кои ги направила за Албанците, откога е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, затоа презема силни мерки за обезбедување, да се одбрани од нивниот револт“, пишува „Лајм“.

И токму поради безбедносни причини, ДУИ до крајот на предизборието, ќе ги одржува митинзите во затворени простории, велат неофицијални извори.

Собирот на ДУИ во Чаир од каде Ахмети ги исфрли првите националистички рафали се одржа во спортската сала „Шабан Трстена“.

Бујар Османи, портпарол на ДУИ за „Фокус“ вели дека не се точни информациите дека кампањата на ДУИ ќе се случува во затворено и дека следниот митинг на партијата ќе биде во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Но, и овој  објект е од затворен тип, така што прашањето останува отворено:

„Завршниот митинг на ДУИ е на плоштадот во Тетово, не е точно дека ДУИ ќе држи собири во затворено, од безбедносни причини “, се корегира Османи.