Кривичниот суд одреди мерка притвор за еден од осомничените во Транспортер

0
971

Кривичниот суд во Скопје му одреди притвор на еден осомничен во Транспортер – истрага која ја објави Специјалното обвинителство, поврзана со финансиски криминал за превоз на ученици во Битола.

На уште три лица осомничени во истиот предмет одредени им се мерки на претпазливост. Овие информации доцна синоќа за 24Вести ги потврдил Основниот суд во Скопје.
Решението од судот се уште не е пристигнато во Специјалното обвинителство. Според официјалните информации од судот, четворицата осомничени биле на распит во Кривичниот суд вчера од 11 до 16.30 часот.
За истиот термин и денеска е закажан распит на уште четири лица осомничени во Транспортер. Меѓу осомничените е и градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, но за него не е побарана мерката притвор, бидејќи беше помилуван од претседателот Ѓорѓе Иванов.