ПАНОВА : КОВАЧЕВСКИ ПРОТИВ СДС, СДС ПРОТИВ СДС, ВО 2016 ТОКМУ ТИЕ НЕ ГЛАСАА ЗА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА, ЗА СЕГА ДА ПРАШУВААТ ДАЛИ ИМА ТАКОВ ПРИМЕР

0
277
Почитувани,

Ковачевски упорно прашува каде во светот има пример техничка влада да не биде поддржана од опозицијата. 
 
Во реалноста никаде во светот нема толку криминална влада, но бидејќи лидерот на СДС прашува, вредно е да одговориме. Има таков случај, и тоа е токму СДС, со негласањето на техничката влада во која учествуваше СДС.

Никаде во светот нема пример, премиер да е човек како Талат од ДУИ, но има пример каде техничката влада не била поддржана од опозицијата. Тоа е СДС во 2016та година.

Во 2016та година владата беше изгласана, без за неа да гласаат пратениците од СДС, тогаш немаа изјави дека гласањето е обврзувачко и дека ако не гласаат не треба да бидат избрани министрите по нивен предлог.

Ова е листингот од гласањето на техничката влада во 2016 година, помеѓу пратениците од СДС кои биле тогаш се наоѓаат и Јован Митрески сегашен координатор на пратеничката група на СДС и предлог за претседател на собранието за време на техничката влада, Јагода Шахпаска министер во МТСП, актуелниот пратеник Горан Мисовски и потпретседателот на СДС Стефан Богоев.

И тогаш и сега обврска е на владејачкото мнозинство да избере влада за спроведување на изборите, т.е. техничка влада, во која министрите во МВР и МТСП, како и дополнителните заменик министерски места во МИОА, финансии и земјоделие ќе бидат по предлог на опозицијата.

На власта не е да бира, законот е дециден, а тие од ден во ден се се помизерни во очите на македонскиот народ.

Ковачевски против СДС. 

 
СДС против СДС.
 
Има ли воопшто кормилар на бродот?