РЕКОРДНА ПОСЕТА НА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНКА ЗА ОВОЈ ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА

0
391

Зоолошката градина во Скопје денес ја посетија над 2.300 гости, што е рекордна бројка за овој период од годината. Сончевото и пријатно време ја преполни Зоо градината, а посетителите од целата земја, но и од соседството можеа да уживаат во фауната, но и во богатата флора.  Меѓу животнскиот свет посебно внимание денес привлекоа новороденчињата на мајмуните, на најмногу се радуваа најмалите посетители. Дел од гостите на Зоолошката градина имаа можност да ги хранат и едни од најомилените животни, жирафата и да видат како им се дава ручекот на фоките, на кои во исто време им се прави и медицински тренинг и проверка.

“Вратите на Зоо градината во Скопје во зимската сезона се отворени секој ден од 08.30 до 16 часот, а цената на билетот е непроменета и изнесува 80 денари. Посетителите може да видат дел и од новите животни, да видат како е организиран зимскиот период за нив и едноставно да уживаат во прекрасно уредената градина, која е вистински одмор и за очите и за душата. Родителите среќни, децата уште посреќни“, велат од установата.