ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ : АКО СИТЕ КОАЛИЦИСКИ ПАРТИИ СЕ АКТИВИРААТ, ШИЛЕГОВ ПОБЕДУВА ВО СКОПЈЕ

0
1494

Резултатот од првиот круг е реален одраз на определбата на граѓаните. Причините за потфрлувањето на СДСМ е резултат на внатрешното неединство во партијата, смета претседателот на ДС, Павле Трајанов во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“.

Тој посочува дека скопското крило на СДСМ е „виновно за резултатот во Скопје“.

Тој истакнува дека можен е пресврт во градот Скопје.

-Ако сите коалициски партии, 23 на број, кои беа 90% пасивни, ако се активираат и донесат по 1000 гласови, тоа се 25 илјади гласови. ДС има околу 8500 членови во Скопје. Бевме вклучени во сите активности. Разликата е мала, заклучува Трајанов за битката за главниот град во вториот круг.