Заев: Добив одговор од СЈО, никој од кандидатите за министри не е под истрага

0
1416

Лидерот на СДСМ и мандатар за нова влада, Зоран Заев во обраќање пред пратениците, непосредно пред гласањето за владата, покажа документ од СЈО, и рече дека во него стои дека никој од кандидатите за министри не е под истрага.

Заев во обраќањето им одговараше, еден по еден, на сите пратеници кои му упатиле прашања во текот на дводневната дискусија.