АЈДЕЕЕЕЕ И ОВА ДОЧЕКАВМЕ ДА ГО ВИДЕМЕ, ЈАНКО БАЧЕВ УЛТРА ПУТИНИСТИЧКИ НАЦИОНАЛИСТ МУ ПИША ПИСМО НА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ : ГОСПОДИНЕ МАКРОН, ЗАЕВ Е ПРЕДАВНИК, НЕ МУ ДАВАЈТЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ, СЕ НАДЕВАМ НА ВЗАЕМНА СОРАБОТКА СО ПУТИНИСТ КАКО МЕНЕ, ВАШ, ЈАНКО БАЧЕВ!

0
1641

Имам задоволство да Ве информирам дека во пресрет на Самитот на лидерите на земјите членки на ЕУ во Брисел на 17 и 18 октомври, сите очи во Република Македонија се свртени кон Вас. Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија високо ги ценат вашите упорни усилби да нема датум за преговори со Република Македонија со што ќе се овозможи целосно почитување на волјата на референдумот лани на 30 септември на кој беше кажано „НЕ“ за ЕУ и НАТО и промена на вековното македонско име.

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија не стојат зад било каков договор меѓу Република Македонија и Република Грција за промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Токму затоа, силно ја поздравувам вашата храброст дека националното поништување на македонскиот народ од марионетската власт во Скопје за која цел свет знае дека е инсталирана од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите, не може да се вреднува во Европа која базира на национален и религиски идентитет на нациите.

Евроатлански интеграции во замена за бришење на Македонците од светската мапа на нации е непознато во практиката на меѓународните односи. Недозволиво е членство во меѓународни организации преку национално предавство. Свежи се француските сеќавања какви тешкотии му нанесе на францускиот народ марионетската вишиевска влада на Маршал Петен инсталирана од странци, за што Франција го осуди велепредавството на Петен на смртна казна а покасно преиначена во доживотен затвор.

Република Македонија и Република Франција ги врзува пријателство. Уверени сме дека целиот француски народ и сите политички сили го подржуваат неотуѓивото и со ништо неограничено меѓународно правно-признато право на мојата земја да го носи името – Република Македонија.

Затоа Ви ја доставуваме на вашата екселенција волјата на македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија да се спротиставите на Самитот во Брисел во однос на датум за преговори за мојата земја и на тој начин да придонесете да се спречи бришењето на се што е македонско.

Моето барање до Вас се темели врз едноставната правдина – да ја држиме судбината во наши раце и врз желбата на мојот народ да се придружиме на било која меѓународна организација исклучиво согласно суверената волја на мојот народ.

Евентуалното членство во НАТО и ЕУ на мојата земја со што се брише македонската нација, пак, некои може да го протолкуваат како покана за мешање во внатрешните работи кои се само македонски, создавајќи затегнатост и судири од кои Македонија веќе подолго време е на удар, а честопати ги искусила во својата историја. И јас, и Вие, многу добро знаеме што значат обидите за брутално мешање на надворешни сили во внатрешните работи на една суверена и независна држава.

Се надевам на континуиран развој на срдечни и продуктивни односи меѓу народот на Република Франција и новата легална власт која доаѓа во Република Македонија.

Знаете колку овие прашања се важни за нас и длабоко го ценам времето што ќе го употребите да ги разгледате моите размислувања.

Со почит,

д-р Јанко Бачев, претседател на партијата Единствена Македонија и лидер на македонските жолти елеци.