ОХРИД ПРЕПЛАВЕН ВО ЃУБРЕ ОД ТУРИСТИТЕ : РАСФРЛАНИ ЛИМЕНКИ, ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА И ОСТАТОЦИ ОД ХРАНА

0
540

Расфрлани лименки, пластични шишиња и остатоци од храна во градскиот парк е сликата денеска во Охрид, ден по големиот празник Илинден. Екипи на градските комунални претпријатија секојдневно уште од зори се на терен и го собираат ѓубрето.

„Активности на оперативните служби пред и по Илинден. Продолжуваме со максималниот ангажман за чистење на јавните површини – кејот, градското пристаниште, малото пристаниште кај ‘Палас’, во близина на амамот, градскиот парк и други локации, од расфрлани лименки, пластични шишиња и остатоци од храна, кои, за жал, се реална слика во доцните вечерни часови и наутро.

Во вечерните часови се спроведува машинско миење на коловозите, пешачките патеки и на други јавни површини, кое на одредени места е надополнето со рачно миење. Се одржува хигиената во и околу локациите на кои се одржуваат концерти“, стои во објавата на ЈП „Охридски комуналец“.Сликата е иста секој Илинден кога, всушност, Охрид го достигнува и шпицот на сезоната.