ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ОНКОЛОГИЈА : ДОБРО Е ШТО ИСТРАГАТА Е ТЕМЕЛНА, БЕЗ ЛОВ НА ВЕШТЕРКИ

0
362

Поранешниот директор на Универзитетската клиника за онкологија и хемотерапија Милан Ристески е убеден дека истрагата што по допрен глас ја отвори Обвинителството за злоупотреба на цитостатици се води темелно и затоа се уште не излегуваат детали во јавност.
– Она што многу ме радува истрагата е темелна. Нема брзопотезни паушални заклучоци, прави докази се бараат а не лов на вештерки, оти не смееме да дозволиме за ваква пипава тема, лов на вештерки само за да се задоволат нечии политички желби, вели докторот онколог во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Тој додаде дека во негово време, додека бил директор на оваа клиника до 2017, системот функционирал со контролни точки. Во однос на несоодветната терапија на онколошко болните како и препишување терапија на лица кои не се онколошки болни, за подоцна препродавање на истата, докторот кој сега работи во клиниката „Жан Митрев“, истакнува дека за жал сомневањата се основани.

– Тоа тек треба да се утврди и јас мислам дека сомневањата се основани, за жал. Дека таква шема постоела, меѓутоа тоа треба да се докаже. Сето тоа почна после фаќањето на медицинската сестра која што ако моите информации се точни тој ден работела во дневна болница на припрема на терапија. Тоа значи дека седела пред дигесторот во кој спремала хемотерапија, друг некој ги носел ампулите и она едноставно ја меша таа терапија за повеќе пациенти одеднаш. Значи единствениот заклучок како успеала да изнесе терапија од таму тоа е само ако не ги донесе полните дози онаму каде што треба да ги направи. На тој начин можела да заштеди субдозирајќи ги пациентите за да стави во џеб, објаснува Ристески.