АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ АПЕЛИРА ДО ВЛАСТА : МОСТОТ МАВРОВО-ДЕБАР ИЛИ ПАТОТ НА СМРТТА ИТНО ДА СЕ ИНТЕРВЕНИРА

0
519
Патот Маврово-Дебар, пат на смртта. Итно да се интервенира!
Во последната година патот Маврово-Дебар се претвори во пат кој повеќе води кон болници и смрт. Поради недостиг на сигнализација и заштитна ограда на патот, на овој правец се зголемил бројот на сообраќајните несреќи коишто не ретко имале и фатален епилог за граѓаните. Мината година три лица ги загубија животите, а многу други биле повредени во други сообраќајки.
Работите на овој пат беше планирано да завршат во август 2021 година, но, за задоцнувањето и пролонгирањето сеуште никој не одговара.
Алијанса за Албанците ги повикува одговорните органи да интервенираат за да се спречат поголеми трагедии, со оглед на тоа дека е еден од најфреквентните патишта. Истовремено, ги повикуваме граѓаните да бидат претпазливи, особено во празничните денови кога временските услови ја отежнуваат уште повеќе состојбата.