(ВИДЕО) 180 жители од поплавените подрачја се уште се во студентски дом

0
1253

Во студентскиот дом „Томе Стефановиќ – Сениќ“ во населба Аеродром, нови жители се и 180 жители од поплавените подрачја во Скопје. Старата жена Благојка од Страчинци вели дека куќата и е уништена и дека не може да се живее таму, пренесува ТВ21.

Во студентскиот дом имаа и други семејства кои велат дека во ова место привремено престојуваат, се додека не се санираат нивните куќи.

Директорот на студентскиот дом, Лулзим Џемаили рече дека престојот на овие луѓе во овој дом не претставува пречка за студентите, бидејќи домот има доволно капацитет.

Според него, до крај на ова недела е отворен конкурсот за студентите кои сакат да престојуваат во овој дом и вели дека ае уште има слободни места, бидејќи овој дом има 577 кревети.