ОТКАКО ЌЕ СТАНИ ЗАЕВ ПРЕМИЕР ЌЕ ТРЕБА ДА ГО ГРАДИ ГОЛИ ОТОК НА КРИВОЛАК – Катица и СЈО буричкаат по фондовите на кодошите на Грујо : Донаторите на ВМРО-ДПМНЕ сослушувани од СЈО

0
2482

Членови на ВМРО-ДПМНЕ кои донирале средства за ВМРО-ДПМНЕ денеска на повеќе телевизии и медиуми кои важат за провладини сведочеа дека биле сослушувани од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во врска со донациите кои ги дале за партијата на изборите во 2014 година, со што ги потврдуваат шпекулациите кои кружат извесно време дека ова обвинителство „чепка“ во сметките во власта.

Донаторите и самите медиуми ова го оценија како притисок врз владејачката партија пред престојните локални телевизии и зборуваа дека тие биле малтретирани од обвинителите.

Се повикуваат голем број членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа тоа ќе наиде на контраефект, затоа што јас како функционер и долгогодишен член на партијата, кај мене желбата е се поголема и поцврста за работа и ќе донирам повеќе средства во самата партија. Исто така и сите членови на ВМРО-ДПМНЕ со ова ќе се обединат и ефектот ќе биде една голема победна за ВМРО-ДПМНЕ на 11 декември, изјавува Ангел Бојаџиев од Штип за повеќе провладини медиуми.

Од СЈОО одбиваат да споделат информации со јавноста во врска со предистражни постапки. Наводно, во обвинителството масовно се испрашуваат стотици донатори – физички лица на владејачката партија, а провладините медиуми шпекулираат со бројка од 1,000 до 1,500 лица.

Финансирањето на политичките партии е една од областите која важи за сива зона во македонската демократија лишена од секаква транспарентност поради што домашните и меѓународни организации и институции редовно потсетуваат дека борбата против корупцијата и демократизацијата мора да почне одвнатре, односно во самите партии. Не постои ниту еден извештај за напредокот на земјава од ЕК во којшто не се потенцира потребата од контрола и надзор врз работата на партиите.

Над законот: Како ВМРО-ДПМНЕ стана една од најбогатите политички партии во Европа

ВМРО-ДПМНЕ во последните неколку години значајно го зголеми своето богатство.  НОВАТВ и СКУП во своето неодамнешно истражување открија дека владејачката партија не само што е една од најбогатите партии во Европа, побогата и од онаа на Меркел, туку и дека дел од нивниот имот е стекнат противзаконски.

Целото истражување во видео сторија и повеќе за оваа сторија ќе може да го погледнете и прочитате на овој линк ОВДЕ