СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби нашиот предлог за поголема парична помош за граѓаните!?

0
953

ВМРО-ДПМНЕ го одби предлогот на СДСМ за поголема парична помош за граѓаните!? Дали ВМРО-ДПМНЕ го одбива предлогот на СДСМ за зголемување на интервентниот надоместок за граѓаните на 90 илјади денари, прашуваат од СДСМ.

„Очигледно дека за ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски поважно е панорамското тркало од животот на граѓаните од погодените подрачја со поплавите.

Овие наши сограѓани целосно треба да ги реконструираат своите домови. За девет дена почнува училишната година. На овие семејства им требаат чиста вода, храна, нова облека, книги, училишен прибор…

Интервентниот надоместок на штета од 30 илјади денари кои власта под контрола на Груевски ја планира за настраданите не е доволна.

Бараме интервентниот надоместок да се зголеми на 90 илјади денари за домаќинство.

За да се обезбедат овие пари бараме веднаш да запре изградбата на панорамското тркало, кулата на водно и барокните фасади во Скопје“, реагираат од СДСМ по соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.