СТРАШНО ВИДЕО: СО БОКСОВИ ВО ЛИЦЕ БРУТАЛНО КРВНИЧКИ НАПАДНАТИ СНИМАТЕЛОТ И НОВИНАРОТ НА ТВ 24 ОД ЧОВЕКОТ НА ЧИЈА АДРЕСА Е ПРИЈАВЕН УКРАИНСКИОТ ПОЛИТИЧАР СО МАКЕДОНСКИ ПАСОШ

0
825

Екипа на „ТВ 24“ беше нападната пред куќата на улица „Пржино“ број 28Б која, според официјалните документи, е пријавена како престојувалиште на контроверзниот Украинец Олександр Онишченко, кој добил македонско државјанство со владина одлука.

Нападот од сопственикот на куќата, кој дозволил таа да биде пребивалиште на Онишченко во Скопје, без украинскиот олигарх да стапне таму, најпрво почна со пцовки и погрдни зборови кон снимателот на „ТВ 24“, за потоа да го удира со боксови. Бруталниот напад е снимен од камерата на телевизијата.