“ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПОВЛЕКУВА ЗА ДА ГИ НАМАМИ ПЕШАДИСКИТЕ СИЛИ НА СДСМ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОПСЕГОТ НА НИВНИТЕ АРТИЛЕРИСКИ И РАКЕТНИ ЕДИНИЦИ”

0
2159

Зошто милитаристички наслов? Затоа што од парламентарните избори на 11 декември, па се до локалните избори (за кои предвидувам дека ќе се одржат заедно со нови парламентарни) ќе имаме вистинска медиумска војна…

Најпрво со мотивот… зошто Груевски попушта и сега исполнува се што треба да се исполни за реализација на избори на 11 декември?

protesti

Првиот факт е дека Груевски во досегашното натегање со опозицијата го “спаси она што можеше да се спаси”, буквално во сите сегменти од политичкиот и медиумскиот спектар, а ако се погледнат сите досегашни договори меѓу партиите -сите се “терминолошки и правно фалични” што им отвара простор за различно толкување… Секако посредниците од Запад тоа го знаат…

Вториот факт е дека ВМРО-ДПМНЕ и Груевски се “нападнати” и од опозицијата и од Западот за недемократско владеење заедно со ДУИ. Виде дека Западот “веќе не го сакаат”, но знае дека ќе мора да го засакаат ако одржува мир и стабилност во земјата, а воедно знае и дека   западњаците веќе си имаат доволно проблеми самите меѓу себе и не можат да се занимаваат со минорна земјичка на Балканот. А тој и Протугер исто така многу добро знаат дека за политичка стабилност се потребни медиумите, синдикатите, државната и јавната администрација и партиското членство- нешто што и сега го има и го живееме 10 години…

Третиот факт е СЈО… Груевски знае дека колку повеќе ќе ги пролонгира изборите толку повеќе време се остава СЈО да му го вади јавно “прљавиот веш” (одомаќинет политички термин, а кај нас е “валкани алишта”)… А тука нему му е болката…

gruevski9-540x296

Она што сакат Груевски сега е да се покаже пред Западот како демократ со тоа што ќе го исполни за прв пат договореното, да се повлече од власта, за потоа преку исценирани протести, деминстрации, настани итн.. на луѓето од државната управа и членството да ги претстави како жртва на СДСМ (а тоа да се презентира во медиумите како напад врз целата нација), и да ја искористи нивната слабост на краток рок и заедно со локалните избори да се одржат и нови парламентарни. Груевски знае дека една слаба власт на СДСМ е кршлива во првите 6 месеци…

А зошто 6 месеци? Од 11 декември до локалните избори има 6 месеци… Малкумина знаат дека во 2014 година власта си го изменила Изборниот законик и наместо во првата недела на март, локалните избори сега ќе се одржат во првата недела на мај…

Медиумите се политика, а се останато е присила…

Власта и опозицијата секојдневно прават анкети за јавното мислење… Според она што може да се види на терен е дека СДСМ не може да издејствува јака победничка битка над ВМРО-ДПМНЕ , туку би биле “пата-пата” или СДСМ би победиле со “минорни” неколку пратеници повеќе. Груевски и неговата тајфа го знаат тоа…

Но верувам дека тие веќе  имаат спремен ПР план за медиумско дејствување во перидот декември- мај…

Затоа под хипотезата дека можат да изгубат за малку, тие готват терен за огромна “медиумска контра-офанзива” бидејќи најголемите медиуми се нивни… Сопствениците на телевизиите ќе ги подржат и понатаму зошто имаат одлични бизнис релации и се замешани во нивните криминали. Позицијата на уредникот на информативната прогтрама во МРТ и онака би била слаба, согласно договореното од Пржино 3, па и тука власта може да прави што сака.. Ад-хок телото дава само препораки, а членовите на АВМУ и онака не се должни (а нема и да сакаат) да ги следат препораките…

Протугер и Груевски добро знаат дека, ако по 11 декември СДСМ дојдат на власт  со слабо владејачко мнозинство, ќе почнат со смени во државната и јавната администрација и реформи во безбедносните служби. Многу добро знаат дека државата нема пари и се задолжува, ќе нема пари за плати, пензии и субвенции…

SONK

Еве и да не се случи тоа, тие преку нивните медиуми ќе почнат да трубат дека СДСМ не мислат на луѓето, на нивниот леб, се реваншираат,а потоа би настапиле и нивните синдикати (ССМ и останатите) со протести и блокади на патишта…Членството на ВМРО-ДПМНЕ секако би било логостика за да се претстават како земјоделци, на кои не им биле исплатени субвенции, или лути пензионери итн…

Она што највеќе ќе им вреди ако си заминат од власта за кратко, е дека ќе увидат каде се најслаби, тоа ќе го санираат за 3 месеци, а за наредните 3 месеци ќе “готват” огромни буни на администрацијата која тие партиски ја вработија.

Да потсетиме дека тие нема да бидат слаби и со пари ако се повлечат за кратко од власта… Знаеме дека ВМРО-ДПМНЕ раководи со 95% од локалните самоуправи во државава, а општинските буџети безмалку се колку државниот… Со истиснување на парите од општините преку проекти кои ќе ги работат нивни градежни фирми тие ќе ги обезбедат сите пари потребни за локални протести ( кои тие ќе ги претставуваат како масовни социјални немири)- од сендвичи, превоз со автобуси, живот во кампови итн…

gruevski-nova-jane

Да не заборавиме дека тие добро знаат за социјалните и финансиските состојби и на државата и на народот. Тие ќе остават свесно празен буџет, за да ги примораат СДСМ или да кратат на пари или да се задолжуваат за да ги споредат со себе (ВМРО-ДПМНЕ)… а потоа да им ги вадат административците и членството  на улица, бидејќи мнозинство од граѓаните во Македонија се сиромашни и необразовани и секако интимно би се поистоветиле себе си со оние кој јавно велат дека немаат што да јадат (иако овие веќе долго време квалитетно се хранат на државниот буџет)… А административциве секако би биле подготвени на протести и штрајкови бидејќи знаат дека се вработиле партиски и би се плашеле да не останат без работа (ако СДСМ дојдат на власт).

Секако ова се ќе заврши со барање за предвремени парламентарни избори во мај задно со локалните, за кои тие сметаат дека би победиле со мало мнозинство и со поддршка на ДУИ.

И токму поради овие аргументи се изразив преку милитаристички наслов: СДСМ накратко да ја добијат власта, Груевски да се повлече, СДСМ и нивниот (пешадиски) кадар да се израдува дека го “турнале диктаторот”, за потоа тој да почне да ги “бомбардира” медиумски со социјални немири.. Да запомниме, СДСМ ќе нема време за смени во МВР и судството бидејќи целиот кадар во инстуциите е нивни и de facto тие ќе владејат со нив уште најмалку 6 месеци…

Или накратко, нивната стратегија е “да паднат малку, да станат малку, во наредната година да го срушат СЈО, да не одат во затвор ,СДСМ да ја разединат и да си заминат од власта со парите”.

А дали ова ќе се оствари зависи колку тоа ќе го дозволат СДСМ и опозицијата…

Анализата е објавена на порталот Локално, пишува : Филип Ѓурчиновски