АРСОВСКА : ФК ВАРДАР ДА СЕ ВРАТИ ВО СОПСТВЕНОСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

0
464

На денешната седница на Советот на Град Скопје, меѓу точките на дневен ред беше и финансирањето на нашиот најтрофеен фудбалски клуб во државава, ФК Вардар. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ доставија несериозен предлог. Секој сака да му помогне на најтрофејниот, но не на ваков начин. Тие (средства) кои ги предлага советничката група се само спас на една капка во водата, бидејќи тие средства нема да покријат ни 5 отсто од проблемите и долговите кои ги има Вардар, а во овој момент за жал се милионски!

Како што кажа и Градоначалничката на Град Скопје, најпрвин во ФК Вардар треба да се истражи што и како работи новата фирма која го презема Вардар и како до сега не успеа да подмири нешто од долговите, иако досега даде еден ,,тон” лажни ветувања дека ќе ги подмири долговите и ќе започне да функционира нормално ФК Вардар. Да додадеме дека според нашите информации, фудбалерите на ФК Вардар повторно добиваат лажни ветувања и дека постојано им се доцни со исплатата на нивните плати.

,,Кога разговараме за овој предлог, најпрвин би сакала да разговараме за сериозноста на предложената точка. Прво, сметам дека овој предлог е добар, но несериозен. Треба една сериозна анализа и пристап, односно да се најде трајно решение за ФК Вардар. Верувам дека тука во салата нема таков човек кој не сака да му помогне на Вардар, тоа е гордоста на Градот Скопје. Во овој момент таа фирма нема подмирено ништо. Најпвин, треба во ФК Вардар да се истражи што и како работи оваа фирма” , рече Арсовска.