За време на конфликтот во 2001 година Никола Груевски успеал да купи 4 стана во Скопје

0
1502

Според официјален податок од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија/Подрачна единица-Скопје, фамилијата на Никола Груевски т.е. неговата мајка Надежда Груевска со број на лична карта 1023531 и ЕМБГ 0203942455117  во периодот кога Македонија влегува во конфликт(2001г.) успеала да купи стан на ул. „Владимир Комаров“ бр.18-б влез 01 кат 02 стан број 9 со вкупна површина од 57,29 м2. Договорот е склучен на 24 март 2000 година со вкупна цена од 39.479 евра, а станот е во целост исплатен на 22 јуни 2001 година.

На 9-ти август 2001 година, ден по загинување на 10-те полицајци кај местото Карпалак, фамилија Груевски потпишува договор за купопродажба на стан на ул„Бихачка“ бр.3 влез 01 кат 03 стан број 17 со вкупна површина од 58. м2 со вкупна цена од 45.050 евра. Целосната сума е исплатена на 10-ти октомври 2002 година.

Третиот стан на фамилија Груевски се наоѓа на улицата „Васил Ѓоргов“ бр.29 со вкупна површина од 89 м2. Тоа е станот во кој живее Надежда Груевска за време на купување на останатите станови.

Четвртиот стан е на ул.„Бихачка“ бр.3 влез 01 кат 03 стан број 15(во иста зграда на исти спрат како стан број2). со квадратура од 85 м2 и вредност од 67.351 евра. Станот е исплатен заклучно со 21 јануари 2006, а договорот за купување на станот е потпишан на 9ти август 2001 година(ден по убивањето на 10 полицајци кај Карпалак во конфликтот истата година).

За време на конфликтот во 2001 година, фамилија Груевски успева да купи станови со вкупна вредност од на 200.000 евра(сите 4 стана).

stanovi

Целиот текст ОВДЕ