ЈОВАНОВСКИ : ЕДИНСТВЕНИОТ КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ НА СТОЈКОСКИ Е НОВАТА ДЕПОНИЈА ВО ДАМЕ ГРУЕВ

0
331

Изјава за медиуми, Кристиан Јовановски, претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров

Почитувани,

Ова зад мене е Ѓорче без отпад на Александар Стојкоски.

Единственото нешто што го изгради за една година е овој капитален проект-новата депонија во Даме Груев, кај Кокта. Дефинитивно, Стојкоски не запечати на врвот на највалкани општини во Скопје. Наместо зелени површини, чиста животна околина и проект Ѓорче Петров-белите дробови на Скопје, за жал сега сме во контаминирана загадена зона.

Општинските комунални возила секојдневно трупаат шут на оваа локација, но според официјалните документи и извештајот од секорот за Урбанизам отпад се одлага и во поранешната депонија Врадариште. За оваа власт сосема легитимно е да се носи ѓубре и во друга општина надвор од сите законски регулативи и норми. Стојкоски освен што ја загадува нашата општина го загадува и целиот град.

Да не заборавиме и да се свртиме наоколу на што личат нашите паркови, детски игралишта и каква е скојдневната слика околу контејнерите. Со еден збор хаос. Ѓорче е едно големо ѓубриште. Г-не Стојксоки треба да се засрамите. Не седите на таа фотеља за да кроите планови како да ги поделите народните пари, туку имате одговорност истите најдобро да им ги вратите на вашите сограѓани.

Вие сте убедливо најнеспособниот градоначалник што Ѓорче го имало некогаш, а таква титула успеавте да добиете за само 1 година.