ОПШТИНА СТРУМИЦА ДОБИВА УШТЕ ЕДЕН БУЛЕВАР

0
414


За политичарите е многу важно тоа што го ветуваат пред граѓаните, кога ги бараат нивните гласови и да го исполнуваат, посебно капиталните проекти.
Јас сум среќен човек затоа што еден месец пред половина од мандатот, веќе имаме над 50 проценти реализација на изборната програма којашто ја ветивме пред струмичани.

Денеска му се радувавме на започнувањето на уште еден капитален проект – новиот булевар Струмица – Дабиле во должина од околу 2 километри.

Во заедничка инвестиција со Јавното претпријатие за државни патишта решаваме голем проблем затоа што овој пат е еден од најфреквентните во државата.
Новото булеварско решение обезбедува намалување на сообраќајниот метеж, велосипедска и пешачка патека и соодветно осветлување до Дабиле.
Современата патна инфраструктура е основа и поттик на целокупниот развој на општината и државата.