ГРУЕВСКИ МОЛИ ЗА МЕЃУНАРОДНА АМНЕСТИЈА

0
1159

Груевски тајно преговара, додека неговите медиумски полтрони создаваат лажна слика со цел да држат националистичка тензија кај членството на ВМРО-ДПМНЕ со паролата –„ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ РАБОТИ“?! Додека едни контрапротестираат Груевски со уште еден негов близок роднина се секојдневни гости од рано наутро па се доцните вечерни часови во Америчката амбасада каде домаќин – воспитувач им е Амбасадорот Џес Бејли.

Како што есклузивно дознава ОхридСкај Груевски на кого повеќе од јасно му е дека времето поминало и заминало за него, и од првичните мегалолистички барања се сведе само на две:

  1. Меѓународна амнестија само за него и неговиот братучед.
  2. Да нема формирање на специјален суд за кривични дела поврзани со нелегалните снимени разговори, како и дела поврзани со организиран криминал и меѓународно перење на пари.

Груевски бил спремен доколку се одобри неговото барање за меѓународна негова амнестија и за неговиот братучед да прифати комплетно да се вратат украдените пари од Македонија како и негово повлекување од политичка сцена.

Како знак на негова добра воља како што дознаваме на Скопскиот аеродром пристигнаа првите пари, додека ставот на опозиција предводена од Зоран Заев е цврст и дека правдата и одговорноста во државата мора да важат за сите подеднакво.

Избори нема затоа што нема услови за такво нешто, техничка влада ќе има но ќе се формира и специјален суд каде што ќе им се суди на сите кои се огрешени од Законот, но и укинување на амнестијата  која против правно ја донесе врз непостоечки Закон „фикусот“ од Водно.

Имено Груевски за да се спаси и да го спаси првиот братучед ги жртвува сите негови соработници и партијата ДПМНЕ!

Извор : ОхридСкај