ПЕРВЕРЗИЈА, тешко и на судот во Стразбур: Маркудова, една од петте судии кои гласаа за укинување на законот за помилување, ќе биде „селектор“ за идниот судија од Македонија во Судот во Стразбур

0
1369

Уставната судијка Вангелина Маркудова, една од петте судии кои гласаа за укинување на законот за помилување, е само еден од „селекторите“ кои до средината на мај на Советот на Европа треба да му предложат тројца кандидати за иден судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, пишува порталот „Сведок“.

омисијата која ја предводи министерот за надворешни работи Никола Попоски (економист) треба да го селектира идниот судија за во Стразбур, избирајќи тројца од тие кои ќе се пријават на веќе распишаниот оглас.

Покрај министерот Попоски, интересен е и составот на целата Комисија, во која влагуваат уставната судијка Вангелина Маркудова, нејзиниот претходник Зоран Сулејманов, сега член на Советот на јавни обвинители, Зоран Караџоски од Судскиот совет, Илија Ристовски – државен секретар во Министерството за правда и Илбер Села професор на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово.

Оваа комисија, по истек на 15 дена од огласот треба да направи интервјуа со потенцијалните кандидати бза судии, кои мора да достават своја биографија на англиски, француски и македонски јазик, да го оцени нивниот стручен и морален кредибилитет и да ја состави листата што до средината на мај се доставува до Меѓународниот советодаваен панел на експерти на Советот на европа за да даде мислење за кандидатите.

Понатаму, по изјаснување на телото на Советот на Европа, македонската комисија, тројцата предложени кандидати за судија треба да ги испрати до средината на јули на одобрување и до Владата.

Изборот на судијата, Советот ван Европа треба да го изврши во едно нод есенските заседание, а тој судија ќе стапи на должност од почетокот на 2017 година, по завршување на мандатот на сегашната судијка Мирјана Лазарова Трајковска, која во последнава година е и шеф на оддел во судот.

Овој избор ќе биде трет откако Македонија има право да номинира кандидат за во судот во Стразбур.

До сега, постапката ја спроведуваше бминистерството за правда, а овој пат „новината“ е во тоа што, Претседтел е министерот за надворешни работи, а и административната процедура ќе ја спроведува МНР.

Покрај Вангелина Маркудова, чиј глас значеше укинување на законот за помилување, интересен е и другиот член, Зоран Сулејманов, поранешен уставен судија, а сега член на Советот на јавни обвинители. Тој, во Уставниот суд дојде од Институтот за социолошко-политичко правни истражувања, а додека беше судија во Уставниот суд неговата сопруга ја избраа за судија на Управниот, па на Вишиот управен суд. Откако му помина мандатот во Уставен, на предлог на собраниската комисија за избори стана член на Советот на јавни обвинители. Сега му истекува мандатот и е на реизбор.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Сведок“.