СТЕВАНОСКИ : ПОРАДИ ПОЛИТИЧКА КОАЛИЦИЈА НА ОО СДСМ ПРИЛЕП И ОО ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП ВИСАТ ДВЕ НЕЗАКОНСКИ РАЗРЕШУВАЊА НА ДВЕ ДИРЕКТОРКИ И ТРАНСФОРМАЦИЈА НА РАБОТЕН ОДНОС НА ВРАБОТЕНИ ВО МОН

0
587

Битолскиве Социјалдемократи поднесоа кривични пријави против градоначалникот и комисијата за трансформација на работен однос и со тоа потврдија дека во Битола, СДСМ нема дил со ВМРО, околу именување и разрешување на директори на основните и средни училишта и законита трансформација на работниот однос на наставниците кои ги исполниле условите за трансформација уште во време на претходната власт.

Во Прилеп, на СДСМ како на послужавник му стојат незаконски разрешувања на две директорки на основно и средно училиште, потврдени со 5 решенија од државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, едно решение со кое се утврдува директна и продолжена дискриминација на еден директор од страна на Градоначалникот, Претседателот на Совет и Претседател на училишен одбор по основ на политичка припадност и располага со податоци за далеку “побогата” историја во неработење на општинската комисија за трансформација на работен однос формирана од градоначалникот и згора на тоа две годишно незаконито работење на вршителите на должноста директори по основните и средни училишта именувани од градоначалникот и згора на сето тоа во МОН им виси одземање на ингеренциите на градоначалникот во делот на именување и разрешување на директори, ама во Комисијата за образование во ОО на СДСМ Прилеп и нејзините членови чии трансформации на работниот однос висат повеќе од две години нема никаква реакција. Ама ич, нула реакција нит внатре, нит надвор.

Гледано и од суровата политичка перспектива за политичкиот интерес од сферата на бразованието, може да се заклучи дека СДСМ Прилеп очигледно не гледа политички интерес да наметне свое влијание врз најголемото гласачко трло на локално ниво.

Или гледано од поедноставната страна на нештата, СДСМ Прилеп очигледно има дил со локалната власт за поделба на колачот “образование” на штета на своите партиски образовни кадри чии трансформации висат за сметка на партиските кадри на ВМРО.

Бранот на шарената ги исфрли на функции ама очигледно бранот на матната ќе ги однесе во длабока и долга опозиција.

#ОпозицијаАНеКоалиција

Фејсбук статус на Жаре Стеваноски