КОВАЧЕВСКИ : ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ЈА ПРЕТВОРИВМЕ ВО МОЖНОСТ, ГО ЗГОЛЕМИВМЕ ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА ВО УСЛОВИ НА СВЕТСКА КРИЗА

0
290

Премиерот Димитар Ковачевски во РЕК Битола, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, со генералниот директор на ЕСМ, Васко Стафанов, со вработените со директорите, раководителите на енергетските капацитети и со сите членови на економско енергетски совет го означи крајот на грејната сезона за оваа година. На настанот беа доделени благодарници за вработените кои неуморно работеа во услови на најголемата светска енергетска криза, која светот ја памети по Втората светска војна.

Премиерот Ковачевски истакна дека во услови на светска криза го зголемивме домашно производство и ЕСМ наместо законски предвидените 60% производство на електрична енергија, во целост, односно 100% обезбеди струја за домаќинствата и за малите потрошувачи.

„Паралелно, го презедовме греењето со топлинска енергија во главниот град. Ова беа првите стратешки оперативни чекори кои се направија од Планот за справување со енергетската криза. Сигурна, стабилна и континуирана испорака на електрична и топлинска енергија беше фокусот во Планот што го изработи и спроведе Економско-енергетскиот тим. Сега кога завршува грејната сезона, можам само да бидам горд на резултатите кои ги постигнавме и на заедничкиот успех: Кризата ја претворивме во можност. Помошта од нашите сојузници и стратешки партнери, како и на Европската Унија со 80 милиони евра, беше многу значајна за да успееме да ги реализираме нашите напори да нема ценовен шок за граѓаните и сметките за струја да останат исти. Да сублимирам: Во текот на целата грејна сезона струја и парно имаше, рестрикции немаше. Зголеменото домашно производство, донесе стабилна цена. Планот даде резултат. Тоа е најдобар демант за критичарите и квази експертите кои во текот на последниот квартал минатата година предвидуваа најцрни сценарија и го вознемируваа народот”, рече Ковачевски.