ОПШТИНА КАРПОШ : ЗА ЖАЛ, ВМРО-ДПМНЕ ПРЕТСТАВИ ЛАЖНА СЛИКА ЗА ДУП-ОТ КАЈ ГРАЃАНИТЕ И ГИ ОРГАНИЗИРАШЕ ДА ДОЈДАТ НА СЕДНИЦАТА СО ЦЕЛ ДА ИЗВРШАТ ПРИТИСОК И ДА ДОЈДЕ ДО ПОГОЛЕМ ИНЦИДЕНТ, ЗАТОА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАКИМОВСКИ ГИ ПОВЛЕЧЕ СИТЕ ТОЧКИ ОД ДНЕВЕН РЕД

0
599

На закажаната седница на Советот на општина Карпош, покрај другото, точка на дневен ред беше и Деталниот урбанистички план за ЈО3 Блок 2 во населба Козле.
За жал, ВМРО-ДПМНЕ претстави лажна слика за ДУП-от кај граѓаните и ги организираше да дојдат на седницата со цел да вршат притисок.
Во урбанистичкиот план нема ништо спорно, напротив, има подобрување и целта на изработка на овој план е имплементација на новиот генерален план каде јужниот булевар се смалува за 18 метри.

За да не дојде до поголеми инциденти градоначалникот Јакимовски ги повлече сите точки од дневен ред и ги повика сите граѓани кои се заинтересирани да направат список во групи од по 25 луѓе (бидејќи салата за состаноци во Општината има толкав капацитет) и следниот ден, на 6 јули 2023 година да дојдат на средба во Општината каде ќе ги чекаат општинските службеници заедно со планерот и градоначалникот.

Беа предвидени термини во интервали од по 2 часа почнувајќи од 11 часот и тоа во 11 часот, во 13 часот, 15 часот, 17 часот, 19 часот и 21 часот, со напомена, ако има интерес и во наредниот ден, Општината ќе стои на располагање да ги удостои граѓаните, за да се даде одговор на сите прашања, да ги видат со свои очи и претходните планови, како и регулацискиот и генералниот план кои ги носи Град Скопје, не прејудицирајќи дека се изманипулирани или дека Општината има било каква грешка.

Општинските служби заедно со градоначалникот и со урбанистичките планери ги чекаа граѓаните во 11, во 13, во 15, и 17 часот. За жал само на првиот термин во 11 часот присутни беа двајца граѓани, на кои им беше до детали објаснето се, за што тие беа заинтересирани.