Тасевски : Од прочитаните колумни на Мери Георгиевска ми падна вилицата

0
1470

Мери Георгиевска, прочитав неколку твои колумни и ми падна вилицата. Во една велиш дека влезницата за ЕУ е политиката на високо економско, интелектуално и културно рамниште и таа влезница е Никола Груевски.

tasevski

Де објасни на кое економско рамниште мислиш, на она со континуирани задолжувања? Или на она дека станавме земја со најефтина работна сила во Европа благодарение на 135 милиони евра странски инвестиции кои се тродупло помали од оние во Косово, а за Црна Гора, Босна, Србија и останатите во регионов да не збориме.


На кое интелектуално рамниште мислиш Мери? На она кога сите ВИЕ го повторувате како папагали она што ви го сервира Протуѓер во дует со Груевски? Или мислиш на она рамниште и критериум по кој вработувате сомнителен и полуписмен кадар со докторски дипломи од вашите дисперзирани факултети кои никој не ги признава?


На кое културно рамниште мислиш Мери? На она со тематика Александар Македонски и Букефал со кое го негирате нашиот словенски идентитет и заради кое ни се потсмева светот? Или мислиш на она културно рамниште кога ја партизиравте културата и нејзиниот буџет стана привилегија само на оние уметници и културни работници кои се блиски до ДПМНЕ?


Имам уште многу работи да ти кажам Мери и ќе ти ги кажам, во лице или преку колумна се едно, само да знаеш, не значи дека сум малоумен, соросоид или предавник ако не мислам како твојот светец Никола Груевски.

Од фејсбук зидот на актерот Сашо Тасевски