ЦРВЕН КРСТ НЕ ГО ИСПОЧИТУВА РОКОТ – СЕ ЧЕКА КОНЕЧНИОТ СПИСОК ЗА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТАТА, ОШТЕТЕНИТЕ ОД ПОПЛАВИТЕ СЕУШТЕ НЕ ЈА ДОБИЛЕ ПОМОШТА ОД ЦРВЕН КРСТ!

0
1164

Со почетокот на новата работна недела, требаше да почне и распределбата на финансиските средства собрани преку акцијата на Црвен Крст со донации од граѓани и компании преку телефонски линии. Сепак, почетокот на распределбата на средствата е пролонгиран за три дена, барем така вели генералниот секретар на Црвен Крст, Саит Саити.crven krst

Тој вели дека го чекаат списокот од Комисијата за проценка на штетите за поплавените подрачја, за потоа да почнат со распределување на финансиските средства, собрани преку донации, кои изнесуваат над 1 милион евра.

„Бидејќи Комисијата за проценка на штети го продолжи рокот  до среда, и ние како Црвен крст треба да се придржуваме до тој рок. Бројот на семејствата кои се евидентирани на листата е околу 4400 и доколку тој број до среда се зголеми, имплицира промена на линеарната сума, а ако бројот се намали, тогаш повторно сумата ќе се промени, односно истата ќе треба да биде намалена.“, изјави Саит Саити.

Саити вели дека, според првичните пресметки секое семејство требало да добие по 250 евра. Над 1 милион и 80 илјади евра, беа соберени во рамките на фондот за помош и тоа преку телефон и бизнис компании. Тој додава дека следните два месеци, сите семејства кои добиваат постојана парична помош, ќе добијат 500 евра плус помош од австрискиот Црвен крст.

Крајниот рок за пријавување на штети го продолжи и Владата, така што граѓаните од поплавените подрачја до 7-ми септември во Министерството за финансии ќе можат да ги пријават деловните банки преку кои сакаат да им бидат исплатени средствата.  Граѓаните можат да пријават штети и во подрачните единици. Според првичните проценки на Владата, од поплавите на 6-ти август, погодени биле 5 илјади семејства од 16 населени места до Скопје и Тетово.

Арменд Мурсели