(ВИДЕО)Таки Фити: Апсурдно е државата да се задолжува на странските пазари за исплата на плати, пензии и социјални трансфери

0
968

Апсурдно е државата да се задолжува  на странските пазари за  исплата на плати, пензии и социјални трансфери – оценува дел академиците.

Новиот претседател на Македонската академија на науките и уметностите, академик Таки Фити, порача дека не е добро кога државата се задолжува за покривање на тековни трошоци во буџетот. Исплатата на платите, пензиите и социјалните надоместоци во државата мора да тече, но лошо е кога за таа цел земјата позајмува средства, особено на меѓународните пазари на капитал, вели Фити.

– Платите, пензиите, социјалните надоместоци…, тие мора да течат, но во принцип е апсурдно да одите на задолжување и тоа на странски пазари, за да покривате тековни трошоци на буџетот – изјави новиот претседател на МАНУ.

За академик Абдулменаф Беџети,  проблемот со се поголемата  зависност на  пензискиот фонд од буџетот е стар.  Тековните обврски од буџетот не може да се се запоставуваат со вето и блокади, неопходно е да  се лоцираат причините за задолжувањата, а потоа да се бараат системски решенија.

Видеото ОВДЕ