ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ОД УЧЕНИЦИТЕ ВО ЗЕМЈАВА ГИ НЕМААТ ОСНОВНИТЕ ВЕШТИНИ ЗА ЧИТАЊЕ, МАТЕМАТИКА И НАУКА

0
560

Национална катастрофа, Македонија долго време се бори со кризата во образованието и покрај малото подобрување во поглед на резултатите на учениците од ПИСА стандардите, сепак државата доцни зад балканските и европските држави. Со овие зборови претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани го почна своето обраќање на Меѓународниот форум за соодветно користење на училишните ресурси.

И секогаш ќе го кажам ова, чувствувам дека треба да го повторам повеќе од половина од учениците во оваа држава ги немаат основните вештини за читање, математика и наука. Тоа треба да биде национална катастрофа, итен случај, за нас барем е. Ако погледнеме јавни расходи како процент од БДП Северна Македонија троши помалку од земјите на ЕУ. Просекот на ЕУ е околу 5% од БДП, додека тука е 3,9 % и еве ве гледам вас од финансии 3,9 наспроти 5% во секторот е сериозен недостаток на финансии- Патриција Ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ.

Сериозен недостаток на финансии, ресурси и капитални расходи, нема одржување на самите објекти и инвестиции во професионалниот развој на кадарот. Во првите редови нејзиното обраќање го следеа министерот за образование Шаќири и заменик министерот за финансии Филип Николовски.

Оптимизирањето на училишната мрежа нема да биде брз и едноставен процес, но мора да случи. Анализите покажаа дека имаме неефикасна училишна мрежа во која има голем број училишта со многу малку ученици, а од друга страна во одредени средини има преполни училишта кои се соочуваат со недостиг на простор, но и кадар- Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Според анализите на експертите мобилизирање на повеќе финански средства не е единствен проблем за образованието, туку се чини дека неефикасноста во искористување на ресурсите е поголем предизвик за земјава.

Некои пресметки на Светска банка, не за Македонија, но за цел Западен Балкан покажуваат дека за да ги стигнеме резултатите од земјите од ОЕЦД на земјава или на земјите од Западен Балкан ќе им бидат потребни 26 години. Што значи секој месец е битен во намалување на овој јаз помеѓу резултатите на нашите деца и оние резултати од развиените земји- Бојана Нацева, виш специјалист за образование од Светска Банка Северна Македонија.

Загрижувачки е и фактот дека постои јаз помеѓу децата кои припаѓаат на семејства со низок социо – економски статус кои заостануваат две учебни години во однос на децата од семејства со највисок социо-економски статус, додава Нацева.