НА БЕЈЛИ МУ ПУКНА ФИЛМОТ, ИМ ПОРАЧА НА СУДИИТЕ: НЕ СЕ ВАДЕТЕ НА МЕНЕ КОГА НОСИТЕ ПРЕСУДИ И ОДЛУКИ ЗА ПРИТВОР!

0
1083

Поради затворањето на американските владини служби, одговорните во Американската амбасада во Скопје не се достапни за коментар на писмото. – Амбасадорот Џес Бејли (Фото: СДК.МК)

Американскиот амбасадор Џес Бејли му пишал на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев дека е разочаран од секојдневните информации што стигнувале до него дека судии носеле пресуди и одлуки за притвор под диктат на амбасадата на САД, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори од судот.

Џолев им ја пренел содржината на писмото на судиите, во кое Бејли предупредил дека тоа е тешка злоупотреба и лажење од страна на судиите.

Писмото е испратено и до министерката за правда Рената Дескоска, претседателката на Апелациониот суд Лидија Димчевска, претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски и до претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.

Владата на САД има инвестирано речиси 30 милиони долари од 2002 година за подобрување на судскиот сектор во Македонија.