ОО СДСМ БИТОЛА – БАЛОВСКА : ВТОР МЕСЕЦ УЧЕНИЦИТЕ НЕМААТ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ, А КОЊАНОВСКИ СО АВИОН ОДИ – ИДИ ВО БРИСЕЛ И МУВА НЕ ГО ЛАЗИ

0
443

Прес конференција на Весна Баловска, претседател на комисија за образование на СДСМ Битола.

Почитувани сограѓани,

До кога битолските ученици ќе чекаат градоначалникот Коњановски да им обезбеди превоз до училиштата? И првата недела од октомври помина, а проблемот сѐ уште не е решен. 240 денари од Демир Хисар, 260 денари од Добрушево, 400 денари од Ресен. По толку треба да одвојат секој ден учениците од овие места за да дојдат на училиште во Битола. Ниту едно семејство не може да ги издржи овие трошоци, а градоначалникот кој требаше досега да ја заврши постапката за избор на превозници “мува не го лази”.

Наместо да го реши проблемот на децата, тој се развозува со авион до Брисел и назад, заедно со уште 8 службеници и функционери од општината. Битолчани платија за авионски карти и дневници на деветмина буџетари, ама пари за учениците нема.

Основното и средното училиште се задолжителни по закон, градоначалниче Коњановски. Општината, односно Вие, имате обврска да обезбедите превоз за учениците од околните места кои доаѓаат на настава во Битола. Вашата неспособност секојдневно ги изложува на трошоци семејствата на сите ученици за кои Битола требаше да биде регионален образовен центар. Учениците почнаа или да не одат на настава или со автостоп да доаѓаат и заминуваат од Битола.

За волја на вистината, ДПМНЕ е познато по аферите со ученичкиот превоз. Битолчани добро ги паметат случаите Транспортер 1 и 2. Коњановски беше советник кога образованието во Битола се пустошеше. Сега, како градоначалник, веројатно ја продолжува погубната традиција.