Филипче: Изборите на 13 декември ќе бидат целосно безбедни по здравјето, со Сашко Николов Штип останува во сигурни раце

0
794
Претседателот на комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче вечерва од Штип, во онлајн обраќањето до граѓаните истакна дека нема ниту еден подобар начин човек покаже и докаже дека се вложил себе, од спасување човечки животи.
– Резултатот на доктор Сашко Николов е илјадници спасени животи, и тоа на врвен начин со ниво на експертиза што се спроведува во европски и светски центри, тоа е најдобриот начин да излезе меѓу граѓаните и да го побара гласот, бидејќи неговиот влог дал резултат, нагласи Филипче.
Филипче најави инвестиции во Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом во Штип, кои координирано и синхронизирано работат во пандемијата да им се излезе во пресрет на граѓаните на Штип и на целиот источен регион, кои се состојат од реновирање во инфраструктурата, во итната помош, и набавка на уште едно возило за итната помош во Штип, кое ќе пристигне идната недела.
– Се вработија многу луѓе, млади лекари преку проектот на платен стаж, што претставува загарантиран влез на секој млад доктор во здравствениот систем, со цел младите лекари иднината да ја бараат тука, а не да заминуваат во странство, истакна Филипче.
Во врска со однесувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Филипче рече дека е апсолутно  нерационално и апсурдно, организираат протести на кои не ги почитуваат мерките за заштита, а не одат на избори, наводно поради пандемијата.
– Што да се каже за луѓе на кои во потсвеста им стои името на премиерот Зоран Заев, ги оптеретува, со тоа се будат и заспиваат и свесни се дека прават нешто што не треба. Ако опозицијата не го кочеше заемот од Светска банка, сега наместо една модуларна болница, кај Инфективната клиника, ќе имавме 16 опремени модуларни болници, сега ќе бевме спремни, пациентите со ковид ќе беа сместени надвор од болниците, за сегашните болници да останат за другите пациенти, рече Филипче, нагласувајќи дека во брза динамика ќе се реализира нивно поставување.
Во своето обраќање, Филипче ги повика граѓаните на Штип на 13 декември да излезат на избори кои ќе бидат целосно безбедни по јавното здравје и својот глас да го дадат за Сашко Николов.