НЕМОЈ НЕ НЕ РАДУЈ – РАЗОРНА БОМБА НА СВЕДОК: Апелација ќе ја потврди пресудата за Груевски во „Тенк“ и кај 20 септември ќе добие покана за затвор!!!

0
2312

Скопска апелација објави дека определила два термини за судење, во деновите 30 и 31 август, на кои ќе расправа по жалбата на екс премиерот Никола Груевски, на пресудата за набавка на Мерцедесот во случајот „Тенк“.

Пресудата е напишана на над 200 страници. Во случајот „Тенк“ за набавка на мерцедесот Никола Груевски беше осуден на две години затвор, а помошник министерот во МВР Ѓоко Поповски на 6,5 години.

Предметот ќе го реферира судијката Тања Милева, која е судија известител во случајов.

Сведок од судски и владини извори дознава дека во стратегијата која се подготвува за видливост на ефектите на почетокот на скринингот од ЕУ на поглавјето 23 и кампањата за референдумот, предметот „Тенк“ добил значајно место, па на големо се тврди дека казната ќе биде потврдена, а Груевски ќе добие и упатен акт за во затвор во деновите по 20 септември, во финишот пред референдумот за промена на името закажан за 30 септември.

Според истите информации, работата би течела вака: Апелациониот суд во Скопје, во Совет составен од 5 судии ќе ја потврди првостепената пресуда на судијката Добрила Кацарска, која како што е познато е напишана на над 200 страници, поради правилно и целосно утврдена фактичка состојба, но постојат размислувања дека треба да се интервенира во висината на казната, па така, неофицијално, казната на Груевски би се намалила до 1,5 година а на Поповски на 5,5 години.

Ова решение за потврдување, со делумно прифаќање на жалбите и интервенирање само во висината на казната било неопходно, зашто секое друго ќе значи ослободување од кривично гонење ако се врати назад на повторно, поради настапување на застареност.

Вака, пресудата би станала правосилна и истата до 15 септември би се доставила до првостепениот суд, кој ќе му ја врачи на Никола Груевски на едно од судењата кои се во тек, а по 20-ти септември, судијата за извршување на санкции ќе издаде и упатен акт за издржување на казната во затвор.

На упатниот акт има право на барање за одлагање, но сите овие дејствија би се случувале во финишот на планираниот референдум за промена на името, закажан за 30 септември.

Никола Груевски на 23 мај годинава беше осуден на две години затвор за влијание МВР да купи блиндиран луксузен мерцедес од 600 илјади евра од пари на полицијата, по негова лична желба.

Судијката Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 во истиот предмет „Тенк“ го прогласи за виновен и обвинетиот поранешен помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски и го осуди на казна затвор од 6 години и 6 месеци. Во стиот предмет и се судеше и на Гордана Јанкуловска, но поради нејзината бременост постапката беше раздвоена и ќе продолжи наскоро.

Извор: Сведок