НУКЛЕАРНА БОМБА ОД ДЕСНИЧАРСКАТА БЛИСКА ДО ВМРО ДПМНЕ, ИРИ: СДСМ ВОДИ НА АНКЕТИТЕ ПРЕД ВМРО ДПМНЕ!!!

0
1062

СДСМ има еден процентен поен предност пред ВМРО-ДПМНЕ на прашањето за кого би гласале ако оваа недела се одржат изборите: 17% рекле за СДСМ, 16 за ВМРО-ДПМНЕ, за ДУИ се изјасниле 7 отсто, 5 за Алијанса за Албанците, а 4% за БЕСА, покажуваат резултатите од анкетата на ИРИ – Меѓународниот републикански институт од САД, спроведена од БРИМА, теренски со методот лице в лице, на 1 222 испитаници во периодот од 30 јануари до 10 февруари оваа година. Анкетата е реализирана пред објавувањето на коалицијата меѓу СДСМ и БЕСА.


извор: ИРИ
18 проценти од испитаниците се изјасниле многу поволно за Зоран Заев, а 10 проценти за Христијан Мицкоски. 35 отсто од прашаните имале многу лош став за Заев, а дури 45 отсто за Мицкоски.

извор: ИРИ
Од јули 2018 се зголемил процентот на граѓани кои сметаат дека земјава се движи во погрешна насока: 43% од испитаниците одговориле така сега, во споредба со 30 проценти во јули 2018 година. Истовремено, се намалил процентот на оние што сметаат дека државата оди во вистинска насока – од 37% во 2018 г. на 23% во 2020 г.


Извор: ИРИ
Подетална анализа на анкетата на ИРИ, со коментар на заменик-директорката за земјава, Илина Мангова, ќе објавиме во вечерашново издание на емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат од 22:00 часот.