АТАНАСОВСКИ : ДУИ ПРВПАТ ЧУВСТВУВА ДЕКА МОЖЕ ДА ИМА НЕКОЈ СЕРИОЗЕН ПРОТИВНИК НА ОВИЕ ИЗБОРИ

0
217

Политичките аналитичари очекуваат Зијадин Села да се приклучи на т.н Европски фронт на Ахмети, затоа што друга опција нема и бидејќи не може самостојно да кандидира листи.

– Нема никаква предизборна математика Села да настапи сам и логично е дека тој би се приклучил кон фронтот на Ахмети, каде што веќе како што гледаме тој фронт се проширува и ДУИ првпат по 2006 година прави широка коалиција. За волја на вистината со некои мали партии внатре, но тоа што е новина е тоа што турска и ромска партија за првпат се приклучуваат на една таква коалиција, кои традиционално биле во коалиција со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Идејата на Ахмети е да го прошири гласачкото тело или потенцијалот за собирање гласови не само кај Албанците, туку надминувајќи ја и етничката припадност – вели аналитичарот Сефер Селими во Топ Тема на тв Телма.

Според аналитичарот, Благојче Атанасовски, ДУИ за првпат чувствува дека може да има некој сериозен противник на овие избори.

– Од ДУИ сфатија дека тоа обединување кај етничко албанската опозиција може да претставува проблем бидејќи ниту еден глас нема да изгори, што се вели по изборна единици, и затоа тргна во создавање на тој фронт. Мислам дека во наредните неколку денови Села, кој беше лидер на АА и главен опозиционер на ДУИ ќе мора да калкулира да се приклучи на коалицијата предводена токму од ДУИ, бидејќи друга опција нема – вели Атанасовски.