ХОРОР : ОСОМНИЧЕНИОТ ВЕЛИБОР МАНЕВ ПРИЗНА ВИНА ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА, НЕЈЗИНИОТ ТАТКО Е ЕДЕН ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ, ПОДОЦНА ПРИВЕДЕН ОД СТРАНА НА МВР

0
5365

Велибор Манев, едно од трите лица кои се уапсени за убиството на 14-годишното девојче, Вања Ѓорчевска, признало вина, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Станува збор за лице кое се дружело со Љупчо Палески-Палчо, а кое дало информации за планирањето и извршувањето на киднапирањето, а потоа и убиството. Палчо и Манев на социјалните мрежи имаат заеднички фотографии

Обвинителството потврди дека е упасен Александар, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска. За потсетување, таткото е второто лице кое ја пријави сега убиената Вања за исчезната, кој има статус на осомничен.  Во јавноста се појавија информации дека го договарал грозоморното сценарио со Љупчо Палевски- Палчо, кој е во бегство.