ПОРАДИ ПОМАЛ ДЕФЕКТ ИСКЛУЧЕН И ПРВИОТ БЛОК НА РЕК БИТОЛА, ДО ВЕЧЕРВА ТРЕБА ДА БИДЕ ОСПОСОБЕН ЗА РАБОТА

0
920

Поради дефект од синоќа е исклучен Блок 1 од РЕК Битола. Дефектот ќе биде саниран до вечерва и блокот ќе биде повторно приклучен на електроенергетската мрежа.

“Поради дефект во котелот на Блок 1 за кој не постоеше никаква можност да биде саниран додека постројката е во функција, синоќа во 3 часот Блок 1 е исклучен од електроенергетската мрежа на државата. Станува збор за планско исклучување на блокот со цел санација на скинатата цевка што се смета за лесен испад на постројката” –  информираа денеска од РЕК Битола.

ЕСМ ги задоволува потребите од останатите капацитети и со набавената електрична енергија како резерва за вакви куси испади.

Се работи и на оспособување на Блок 2 кој беше во ремонт и се очекува и оваа постројка да биде на мрежа до крајот на неделава.