ЈАСНА ПОДДРШКА ОД ГЕРМАНСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ВО БУНДЕСТАГОТ: ЗАЕВ ДА ОСТАНЕ ПРЕМИЕР И НАШ ПАРТНЕР, ВЕТОТО ОД БУГАРИЈА ПОРАДИ НАЦИОНАЛИСТИЧКИ МОТИВИ Е НИВЕН АВТОГОЛ

0
1154
Германскиот пратеник од социјалдемократите во Бундестагот, Нилс Шмид јавно побара од премиерот Зоран Заев да размисли за повлекување на оставката на премиерската функција и на партиско ниво да продолжи блиската соработка меѓу двете партии и ако се избере нов партиски лидер.
“И покрај направените компромиси, во прв ред промената на името на земјата, тој не успеа, не по негова вина, да направи значителен напредок кон процесот на проширување на ЕУ. Јас лично посакувам Зоран уште еднаш да размисли за својата одлука, и барем да остане на функцијата премиер и партнер.” – изјави Шмид.
Оставката на Заев би имала реперкусии и врз процесот на проширувањето на ЕУ во регионот.

“Секоја земја има свои легитимни внатрешнополитички проблеми. Но се надевам дека француската политика, по претседателските избори следната година, ќе се врати на ветувањата кои им ги дадовме на земјите од Западниот Балкан. Но притоа немам никакво разбирање кога една земја како Бугарија, од националистички мотиви веќе две години го блокира почетокот на пристапните преговори со ЕУ. Со тоа си дадоа автогол. Тоа е фатален сигнал за кредибилитетот на ЕУ во регионот. Зоран Заев го стави своето политичко делување во служба на приближувањето кон ЕУ. Тоа не беше соодветно наградено од сите. Затоа тие не можат да се ослободат од одговорност. Притоа во иднина ќе биде многу потешко да се постигне решение со преговори” – рече Шмид.