Макрадули: Во еден фалсификуван град и вбризгана корумпирана вистина, група туристи муабетат дали да се напијат портокали со ХИВ

0
1247

Во еден фалсификуван град и вбризгана корумпирана вистина, група туристи муабетат дали да се напијат портокали заразени со ХИВ, чекорат со поглед нагоре не за да видат нешто туку внимаваат да не им паднат пламени јазици и изгорени даски од околните згради, со маски на лицето зошто прочитале за милионите ПМ10 честички од објекти инвестирани од Белизе.

Вчудоневидениот поглед им се поместува од лупањето на вратата на автомобилот на еден излупан карактер. Чекорат полека зошто на флаерите што ги добија им пишува дека во овој дел земјината плоча е рамна. Забележуваат дека златото на кровот на црквата е исто со тоа од оградата на владата.

На крајот тие заминуваат, а ние остануваме молчешки во украдениот од тазе време барок град, неправедната држава, контаминирани во медиумскиот свет каде ВЕСТ не сака веќе да каже, а ДНЕВНИК не знае да каже, а да не излаже, озрачени со простаклукот на ученикот од диванот на Милишевиќ и аматеризмот на уредничката без огледала по дома…

Јани Макрадули фејсбук статус